Женски камерен хор СВЕТА ЗЛАТА МЕГЛЕНСКА – БОЖИК СЛАВА 2017-та година

Неверојатно богатата концертна активност на Женскиот камерен хор СВЕТА ЗЛАТА МЕГЛЕНСКА во земјава со над 600 концерти и настапи и во странство над 360 настапи, овозможи со тоа да се збогати современата македонска музичка култура, а многу од авторите специјално за хорот „Св. Злата Мегленска“ да создадат дела кои ќе ја изразуваат неговата специфична интерпретативна моќ.

Летка Димовска-Полизова, без сомнение, е најуспешниoт хорски диригент и единствената жена диригент во Македонија, чии настапи воодушевуваат и предизвикуваат силни емоции и спозанија. Тоа се должи на нејзината беспоштедна работа, големи познавања и моќ за префинето градење на музичката програма.
Таа е вистински амбасадор на националната хорска музика и културна традиција, осведочен афирматор на хорското пеење. Нејзиниот талент за специфично емотивно аудио и визуелно преточување на сопствените мисли низ хорската литература се потврдува преку континуирани настапи со Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ на многу меѓународни фестивали, хорски манифестации и хуманитарни концерти. Димовска-Полизова и самата е иницијатор и организатор на такви манифестации во земјава, какви што се БОЖИК-СЛАВА и Велигденските свечености, на кои прозрачува духовното богатство на православната црковна литература.

СИТЕ КОНЦЕРТИ