КАКО ДА ПРОБАТЕ ВИНО

Баш како што е тенка и за лаиците многу нејасна линјата помеѓу доброто и лошото вино, така секое вино за час може да се најде на оваа или онаа страна на енолошкиот Олимп. Дали ќе прејде или не од темната на светлата страна не зависи од знаењето на сомелиерот туку исклучиво од Вашиот вкус, кој пак често зависи од расположението,атмосферата, ситуацијата. Но, сепак постојат одредени правила и при аматерското пробување на вината. А во професионалното – тоа е една навистина замрсена наука , која доколку барем делумно ја запознаете, одеднаш сфаќате дека сите оние приказни за неверојатниот број на мириси, ароми, текстура и вкусови на вината се научно можни и може да се објаснат.
Се чини дека за добар вински „тестер“ важни две основни сетила: стрпливост и концентрација. Потоа следи квалитетна и правилна организација на употребата на преостанатите главни сетила: око-нос –уста. Грло, дигестивни и уринарни патишта како и кардио-васкуларниот систем се само минливи субјекти и депонија за одлагање на нуспродуктите од уживањето во виното. И секако да не го заборавиме мозокот , како врвен судија кој ќе ја донесе конечната одлука во случајот поединецот против чашите, шишињата или бурињата.

Утврдете со што имате работа. Пола полна чаша поставете ја наспроти светла, најдобро бела подлога. Веднаш со 99% сигурност ќе утврдите за кое вино се работи. Црвено, бело, розевоАко здогледате меурчиња во течноста Вие сте чекор поблиску до решението. Во секој случај, набљудувајте ја нијансата на бојата, контрастот (дали бојата се разредува од центарот на чашата кон краевите), дали течноста е заматена, бистра или кристално чиста. Повеќето од вината се бистри. Навистина, некои не се филтрирани па може да бидат малку заматени, ама матни-никако. Паметете ги нијансите и бистрината- можеби еден ден некое вино ќе го препознаете по изгледот. Исто така можете да ја заротирате течноста во чашата . Ако се слева по зидовите во облик на солза или како тенка нишка налик на пајакова нога тоа е релевантен знак за богато вино полно со тела, додека денеска познато е дека тука е прашање на феномен поврзан со содржината на алкохолот во вино
Завртете ја чашата во круг правејќи вител од виното во неа. Секако доколку чашата е полна до половина-во спротивно следи катастрофа! Доволно е 3-4 круга за да се ослободи кислородот и да се осети мирисната нота во тој вински експеримент. Тогаш брзо ставете го носот во чашата и помирисајте. Кратко и енергично или длабоко и со чувство. Сеедно. Дали чувствувате нешто? Доколку имате кивавица може да сварите вино со каранфилче и да мирисате. Немате кивавица? Добро, тогаш кажете или помислете што чувствувате. Носот брзо се уморува од мириси, но и брзо се враќа во првобитната состојба, па затоа по кратко време можете повторно да пробате . Откривте уште нешто освен шумската јагода, чоколадото и сувите сливи.
Доколку не Ви е јасна разликата меѓу носот и непцето еве едно лесно решение: носот ја препознава аромата или мирисот на виното, а непцето –вкусот.

Тука е веќе првата тенка линија- што е точно вкус, а што мирис и каде ние точно ја препознаваме јаготката кога сликата во нашиот мозок се создава истовремено? Киселкасто како вкус е многу поразбирливо отколку како мирис. А тогаш што е bouquet? Ништо повеќе од старомоден израз за арома. После повеќе кругови со виното, па мирисње, затворање на едната ноздринка и поминато време со врвот на носот во виното, време е нешто да ставите и во грлото. Меѓутоа треба да се направат уште многу нешта пред сласта да почне незапирливо да тече низ Вашето грло. Постигнете целосна концентрација , па отпијте само мала голтка. Задржете ја во устата, а потоа подотворете ги усните да навлезе сосема малку воздух кој заедно со виното ќе ја разбуди Вашата винска фантазија. Како китот Стромболи ( Пинокио) потоа затворете ги усните и почнете со вкусувањето на виното задржувајќи го во устата како да жвакате сува храна. Тоа е тоа. Опуштете се и голтнете ја заслужената награда. Штом се совземете кажете што почувствувавте од основните можни вкусови (ароми) : ванила, тост, земја, кафе, трева, цвеќе, овошје…
Нека не ве збунува тоа што некои од Вас ќе почувствуваат вкус на аспарагус, бензин, нафта, гума… Тоа е затоа што соддржи немерлив број на ароматични компоненти која ја покриваат речиси секоја постоечка варијабла на човековата фантазија.

СИТЕ ЕМИСИИ