ОД ШТО ЗАВИСИ ВКУСОТ НА ВИНОТО

Вкусот на виното го создаваат повеќе чинители. Основни компоненти кои влијаат на вкусот на виното се: танинот, алкохолот, аромата, дабовината и киселоста. Танинот е силна супстанција која ја содржат кожата и семките, а го има и во чајот. Тој е природен конзерванс, кој овозможува виното да стои 10, па дури 20 години;
Алкохолот во виното од ладните краеви содржи околу 7%, а тоа од топлите краеви има и до 14% алкохол;
Вината со малку шеќер се суви, со нешто повеќе шеќер се полусуви, а овошје, чоколада, чад од цигари и слично.

Овошјето во виното е различно, тоа зависи од видовите на грозје кои се употребени;
Многу вина созреваат или дури ферментираат во дабови буриња;
Киселоста ја чува свежината на вкусот;
Некогаш виното има лош вкус. Тоа најчесто се случува поради грешка во процесот на производството или ако виното не е чувано како што треба;
третата категорија се слатките вина;
Аромата во виното дава различни вкусови.

ОСНОВНИ ПРАВИЛА ЗА КОНЗУМИРАНЊЕ НА ХРАНАТА И ВИНОТО
1.Со остриги, школки и ладни ракови се конзумираат суви пенливи, млади и бели вина;
2. Со ладни предјадења (пршута, салама, шунка, кобасици, паштети и сл.) се пијат суви бели вина или лесни розеви вина;
3.Со предјадења со јајца и месо или тестенини со сос од месо се пијат лесни црвени вина;
4. Со бела риба, варена и во сос одат најдобро одлежани бели вина;
5.Со печена риба, пржена, похувана се пијат одлежани бели и лесни црни вина;
6.Со риба на скара одговараат јаки бели и црни вина;
7. Со светло месо, бела живинанајдобро одговараат бели вина;
8. Со темно месо, темна живина црни вина;
9. Со дивеч одат тешки, јаки црни вина;
10. Со сирење и јадења од сирење најдобро одговара старо црно вино;
11. Со колачи и сладолед се пијат полусуви пенушливи, ароматизирани полусуви и слатки вина;
12. Со овошје, ореви најчесто се пијат полусуви пенушливи и природни десертни вина.

СИТЕ ЕМИСИИ