НОВА -Завршен концерт-средношколски бенд

Среќен е секој што ја сака музиката и ужива во неа. Музиката не познава бариери, пандемии, таа едноставно продира секаде, се вовлекува насекаде, допира до секое срце, милува и расположува.И среќен е секој што може да ја почувствува таа радост во срцето.Во вакви времиња, звуците на природата и нејзините диви жители се единствените кои создаваат музика во живо како група. Но, и во вакви околности, во ерата на модерната технологија, учениците од НОВА се собраа во средношколскиот бенд и искористија многу продукти во оваа изолација за да го извлечат нивниот најдобар музички звук, да се снимаат во изолација и  после фино уредени и оркестрирани, да комбинираат сите заедно, за да направат звук на една група, за да создадат музика која допира до сите луѓе, која расположува. И успеаја во тоа. Секако, не се собраа сите со таа цел, повеќете случајно се најдоа тука, но ова е најверојатно единственото место што можеме да го посетиме за концерт. Во овој случај, го имаме бендот од средното училиште НОВА која е група од осум добри ученици, кои го демонстрираат своето заедничко музицирање, во нешто што го нарекуваат полу-концерт, со изведби на повеќе популарни светски музички имиња и композиции,меѓу кои:  Жорж Бен, Дјук Елингтон, Хенри Манчини, до нашата народна, „Јовано,Јованке“. Ние не сме загрижени од фактот дека аудиото е снимено пред видеото, па затоа се забележува разликата помеѓу она што го слушате и она што го гледате, зошто било снимано само со паметен телефон, ние сакаме само да уживаме во целата креативност и убавината на музичките изведби, на овие млади таленти.

Тие, „живеат“ за оваа музика.

Уживајте!

СИТЕ ЕМИСИИ