Енергетската криза предизвика големи проблеми во работењето на компаниите. Потребни се вложувања во енергетски ефикасни системи, за да се ублажат проблемите и да се намалат трошоците. Во емисијата, преку поширока анализа, се дава осврт за инвестициите, како клучен фактор, што влијае на успехот и развојот на компаниите. И во време на криза, не треба да се запре со инвестирање, во разни сегменти, според проценките каде може најмногу да се инвестира и која е најисплатливата инвестиција во овој момент, што ќе влијае на подобрувањето на работењето. Преку примерот на успешните компании, се гледа оправданоста на инвестициите во криза. Примерот на компанијата Раде Кончар ТЕП потврдува дека, со направени инвестиции пораснало производството. Компаниите мора да воведуваат зелени иновации, а за поголема примена, потребно е да стекнат и искуства и да соработуваат со академската заедница и образованието. Тоа ќе помогне да се воспостави соработка во делот на поврзувањето на бизнисот, истражувачките центри и стручните училишта.Стопанството бара поволна бизнис клима и намалување на административните процедури, за да инвестираат во енергетска ефикасност.
На овие теми, во емисијата анализа со:
Горан Антевски – генерален директор на Раде Кончар ТЕП