Здружениот настап на компаниите во регионот ги зголемува шансите за конкурентност и побрз пристап на европските и светски пазари.
Иницијативата Отворен Балкан го овозможи здруженото претставување на винската, прехранбената индустрија и туризмот, преку Првиот Меѓународен Саем за вино храна и туризам „Винска визија Отворен Балкан“ во Белград.
Екипата на НАША ТВ и емисијата ПРОФИТ, од саемската манифестација ги сублимираше случувањата, впечатоците и очекувањата на компаниите од регионот.
Челниците на трите држави, Република Србија, Северна Македонија и Албанија, со силен ентузијазам, најавуваат активности, кои ќе донесат економско поврзување и просперитет.
Компаниите од овие сектори полагаат голема надеж дека ќе успеат да постигнат поголема конкурентност и да ги освојат регионалните пазари, а оттаму и европски и светски.