Mенаџирањето на човечките ресурси има улога да го промени начинот на кој работиме. Сепак, какви промени се потребни? Дали професионалците за човечки ресурси се подготвени и компетентни да ги водат промените во организациите? После KОВИД-19 кризата и во услови кога повеќето организации веќе презедоа многу промени, отпуштања и одредени притисоци, кои резултираа со внатрешен отпор. Тоа создава средина на немир и напнатост. Имајќи предвид дека промената е единствената константа во денешното работно опкружување, македонските професионалци за управување со човечки ресурси, поставија јасна тема, на 14-та Меѓународна конференција за човечки ресурси и HR Expo 2022, насловена како: Отпорност – Поттикнување на бизнисите кон иднината! во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси.Намерата на организаторите, да дадат увид во идните трендови и да претстават различни добри практики кои можат да се сфатат како поттик, но и како пример за следните чекори и промени во организациите, беше постигната. Претседателот на Македонската асоцијација на човечки ресурси, Дарко Петровски ја истакна големата улога на на сите менаџери на човечки ресурси за нивната издржливост и посветеност во овие исклучително тешки години за овој сектор, на што е особено горд.
За состојбите во дејноста, анализа со соговорниците:
Дарко Петровски – претседател на Македонската асоцијација за човечки ресурси
Наташа Павиќ – „IWConnect“
Еван Болстад – претседател на Европската асоцијација за менаџирање на човечки ресурси
Вера Ставрофф – претседател и извршен директор на „HerbalScience“ и „AlkaloidUSA“
Дарко Велков – извршен директор и ко-сопственик на „Вработување.ком“