Медицинската дејност во приватниот сектор го достигнува својот највисок развој. Компаниите инвестираат во најсовремена медицинска опрема и технолошки апарати, работат по водечки стандарди и со врвен стручен кадар.
Во приватната медицинската област, се вложува во современи методи и медицинска опрема. Примерот на „Биотек лабораторија“ е потврда за ваквите состојби. Како прва дијагностичко – специјалистичка лабораторија осмислена по водечки светски стандарди, оваа лабораторија е потврда за следење на современите светски трендови во работењето, со инвестиции во опрема со најсовремени медицински апарати од најголемите светски производители на медицинска опрема и светски брендови, дополнително и акредитирана согласно важечките стандарди и соодтвено сертифицирана преку надворешна контрола од Германија. За опременоста на лабораториската дејност, потврдува и примерот на „Биотек лабораторија“, во која се изработуваат околу 400 анализи од областа на медицинска биохемија (хематолошки, имунолошки, серолошки анализи), микробиологија, молекуларна дијагностика и генетика(NIPT тестирање). Врвната технологија дава брзи и прецизни резултати, a високо стручниот кадар е гаранција за грижата на здравјето на секој пациент. Квалитетот на услугите, го испорачува и стручниот кадар, а „Биотек лабораторија“ е единствена во која работат еминентни доктори: професори на Медицински факултет, примариуси и доктори специјалисти, со големо теоретско знаење и практично искуство, кои се во секое време достапни за консулатација, толкување на резултатите и совети за понатамошни испитувања и лекувања.
Кога станува збор за „Биотек лабораториите“, тие нудат врвни генетско-молекуларни тестирања по светски стандарди, кои ги има само кај нив. Клиничките лаборатории се опремени со врвна опрема и реагенси, а како увозници гарантираат за нивниот квалитет, бидејќи ги поддржуваат со тренирани специјалисти. Од компанијата велат дека со инвестирање во една ваква лабораторија која пред се има најсовремена опрема и врвен, но и одличен медицински кадар, сакаат да придонесат максимално кон подобрување на здравјето на луѓето.
За состојбите во дејноста, анализа на темата, со
Анкица Синадинова Базерко – генерален директор на „Биотек групацијата“ – „Биотек Поликлиника“, „Биотек Лабораторија“