ДЕТСКА УБАВИНА

Решив да бидам воспитувач. Или барем да се обидам. Да бидам првиот и можеби најважен даскал на дечињата. Оној кој ќе ги научи на добрина, емпатија, социјализација и ред други важни а за жал запоставени работи. Отидов во градинката и научив неколку работи. Прво, за да ја работиш таа работа треба да ги сакаш децата како свои. Тоа и не е така тешко. Па зарем има дете на светот кое не е за сакање? Второ, да имаш трпение затоа што сепак во една просторија имаш над 20 тина дечиња, секое со свој табиет. Еден од најубавите денови ми беше тој. Кога бев опкружен со многу дечиња, кога им носев јадење, кога читавме прикаски и садевме дрво.

СИТЕ ЕМИСИИ