за ПРОЕКТОТ

ПРОЕКТ ЗДРАВЈЕ

„ На оној кој ни е драг, пред се, секогаш му посакуваме  добро здравје.“

Илија Николвски е новинар со долгогодишно искуство со емисии поврзани со теми од медицината , здравјето и здравиот начин на живот. Релевантен , точен и пријатен соговорник за секој доктор.

Емисијата ПРОЕКТ ЗДРАВЈЕ обработува теми од медицината , нутрицијата, фармацијата, стоматологија и се што е поврзано со човечкото здравје.

Проектот нуди можност и има за цел да ја претстави Вашата здравствена установа, вашите услуги  и производи со информации кои ќе го добијат вниманието  од вашите пациенти.

Емисијата трае 25 минути и се емитува со една премиера во четврток во 20 часот  и 6 репризи неделно.

Секоја емисии е со зададена тема и задача договорена со клиентот, во кој се претставуваат теми  од здравството од интерес на клиентот и дејноста која ја врши, претставување на дијагностичка, терапевтска метода., апарат или  препарат кој се користи и презентира.

Проектот е достапен за промоција и за претставување на нови производи и брендови, преку ПР активности, видео спотови, поп ап баенри, графички решенија, активности на социјани медиуми за се  што е поврзано со установата или компанијата а е поврзано со здравјето. Зборуваме на допадлив, непосреден и разбирлив начин.  Наша целна група се сите на кои здравјето им е прв избор и за кои здравјето нема алтернатива.

Наши досегашни кленти се приватни здравствени установи, стоматолошки ординации, аптеки, лаборатории, поликлиники, болници, специјализирани клиники,  домови за нега на стари лица, производители на ОТЦ препарати, производители на здрава храна….

Во  ПРОЕКТ ЗДРАВЈЕ се застапени  стручни коментари за: нови дијагностички постапки; достапноста на лабораториски испитувања и анализи;, современи можности за третман на состојби и болести, употреба на фармаколошка терапија

Со ПРОЕКТ ЗДРАВЈЕ сме присутен на конгреси, предавања, презентации, јубилеи, одбележување на значајни датуми, интервјуа со странски референтни  гости.

Ги следиме трендовите и новите достигнувања во медицината .

Преку ПРОЕКТ ЗДРАВЈЕ советуваме за здрава храна; за здрав сон; за здрав сексуален живот; зборуваме за успешна бременост(ИВФ) и каква физичка активност ви е препорачана, зошто да пиеме вода, како до баланс на умот, телото и духот;

ПРОЕКТ ЗДРАВЈЕ препорачува: се за секого од бебе до возрасен.

Од додатоци во исхрана до нутриционистички совети; од салони за убавина до козметика за лице и тело.

ПРОЕКТ ЗДРАВЈЕ – ЗДРАВИ НАВИКИ и ГРИЖА ЗА ТВОЕТО ТЕЛО!

Кон проектот