за ПРОЕКТОТ

Секој ден. Нови 3 минути бизнис вести.

3 нови вести за 3 настани за 3 компании.

 

Бизнис вестите се наменети за следење и информирање  на актуелни економските случувања во  државата и во светот. Главен акцент е ставен на домашните компании, нивните проекти, нови вработувања, инвестиции, успеси и достигнувања.

Главен акцент  е ставен на домашните компании, нивните проекти, нови вработувања, инвестиции,успеси и достигнувања. Вестите покриваат информации за дневни економски случувања, поврзани со следење на економската политика на државата, законските прописи, новини за компаниите и за бизнис секторот. Се следат политиките за вработување, поволностите за компаниите,  информации поврзани со можностите  да се дојде до финансии и реализирање на проектите.

Во ТРИ БИЗНИС ВЕСТИ се пласираат податоци поврзани со Берзата,финансиските извештаи и податоците за тековното работење ,добивките, распредлба на дивиденда, акционерски промени исл.Се пласираат информации и од секторот земјоделство, енергетика, туризам,екологија, заштита на животната средина, дизајн, иновации, нови технологии, стандарди, образование. За следење на економските состојби се презентираат информации  корисни за креирање на идни активности на компаниите, извоз, настап на странски пазари, развивање на нови производи, маркетинг, брендирање,бизнис едукација.

 

Резимирано,ТРИ  БИЗНИС ВЕСТИ  се нашиот сервис за стопанството.

Кон проектот