Проектот ПРОФИТ е емисија за бизнис и економија и во медиумскиот простор нуди решенија веќе 8 сезона по ред.
Досега се реализирани над 800 емисии со над 3000 гости.
Новинарката м-р Марија Георгиевска и нејзините гости даваат одговори на актуелни прашања од областа на економијата, бизнисот, претприемништвото, образованието потребно за конкурентно стопанство, иновациите, напредокот и развојот на компаниите, поддршка на стартап бизнисите, институционалната поддршка, регулативата, и сл.
Гостите во ПРОФИТ се успешни бизнисмени, менаџери, професори, консултанти, иноватори, стручни лица кои дебатираат за дејностите во кои работат, за успесите на нивните компании и нудат предлози и решенија за подобрување на економската состојба во секторите.
Проектот ПРОФИТ кој е уникатен и за жал единствен на пазарот од овој вид, секојдневно поттикнува млади луѓе да се приклучат со идеја за отворање на нов бизнис.
Преку темите во емисијата посветуваме исклучително внимание на стартап компаниите, иновациите, развојот на претприемништвото,како клучни за развој на економијата.Нашата заложба е препознаена од многу компании, институции, кои соработуваат со нас, за што сведочат и многу соработки,од каде произлегле исклучително корисни теми.
НАША ТВ е телевизија за паметни гледачи и паметни клиенти.
Гости во ПРОФИТ до сега се многу значајни личности и компании од бизнис секторот кои се и наша поддршка: „Атлантик“, „Кожувчанка“, „Адора“, „Јока“, „Бучен козјак“, „Еуроимпекс“, „Бовин“, „Здравје Радово“ , „Раде Кончар –ТЕП“, и многу други,..