ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ

ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје формирана во 2002 година како странска директна инвестиција висок основачки капитал од 3,2 милиони ЕУР. Г-дин Трифун Костовски, воден од желбата да придонесе за економскиот развој на Република Македонија, преку својот инвестициски фонд GOFI – Group of Finance and Investment SA, од Швајцарија, заедно со уште три странски друштва од Италија и од Швајцарија, го основаат Еуролинк осигурување. Од 2009 година, со преземање на акциите од другите основачи, GOFI –Group of Finance & Investment SA станува единствен акционер на Друштвото.

Денес Еуролинк осигурување претставува осигурителна компанија за неживотно осигурување која е апсолутен лидер на ниво на целокупниот осигурителен пазар во Р Македонија.

Нашата стратегија е насочена кон континуиран и долгорочен раст и паралелно градење поинакво осигурување за целосно задоволување на потребите на нашите клиенти, формирајќи подобрени понуди од постојните и нови осигурителни производи.
 
Одржливиот развој на Еуролинк осигурување се темели врз општествената одговорност. Еуролинк осигурување е општествено совесен деловен субјект, кој е во континуирана интеракција со средината и вложува во општеството во кое егзистира и работи.
Во континуитет се работи на реализација на програмата за општествената одговорност.
Непобитен и уникатен сегмент од Еуролинк осигурување е интеракцијата со средината во којашто егзистира и работи.

Како општествено совесен субјект, ние ја креиравме платформата „Еуролинк – вашата врска со вистинските вредности“, под покровителство на Олга Костовска, претседател на Надзорен одбор. Платформата претставува интересен колаж од разновидни активности во сегментите на образованието, уметноста и културата во РМ.

Целта е подобро општество, среќни луѓе, развивање на креативност, ангажираност во вистинска смисла на зборот и активен пристап кон креирање подобра иднина.

Еуролинк осигурување се стреми со овие активности долгорочно да влијае во зачувување на овие вредности без кои едно цивилизирано општество не може да постои – љубовта и почитта кон своето минато, грижата за сегашност и градењето на сигурна иднина.