За деловен успех потребни се истрајност и посветеност во работењето, во чекор со следење на светските трендови, постојани инвестиции во унапредување и развој. Сите овие стратешки пристапи, во корпоративниот модел на компанијата, се причина за достигнуавње на 30 – годишната успешна работа на компанијата „Даути Комерц“. Компанијата со пригодна свеченост го прослави својот јубилеј, споделувајќи ги успесите со своите деловни партнери, пријатели, соработници и раскажувајќи ја својата бизнис приказна.