КОНСУЛТАНТСКИ МЕТОДИ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА КРИЗА

Кризниот менаџмент е неопходен за да се надминат последиците од кризата.  Затоа, во серијалот емисии, уште една со оваа тема, но со дополнителни ставови, совети, насоки на деловните консултанти.

Консултантите велат:

„Прво мора да се направи една сериозна анализа на пазарот, екстерна и интерна, кои се промените на пазарот, да се контактираат купувачите, да се направи селекција. Затоа треба да има образовани менаџери, кои знаат како да водат компании, а кој не знае, да знае дека без знаењето на менаџментот, секој бизнис е осуден на пропаст.Без знаење на менаџментот е невозможно да се води бизнисот и фирмата, затоа што не е секогаш се едноставно и лесно. Токму, во овие ситуации, ќе се види кој има вистински менаџмент и кој навистина има обучени луѓе, кои знаат. Се наоѓаме во време на знаење. За следната криза, треба уште сега да почнеме да се подготвуваме“, велат тие.

На оваа тема, во емисијата ги анализираме состојбите со иксусни регионални и домашни консултанти:

Индира Попадиќ – бизнис консултант и ментор, Нови Сад ,Р. Србија

Зденка Николовска – менаџмент консултант, тренер за личен и организациски развој

СИТЕ ЕМИСИИ