Eдукативните центри работат во чекор со новите трендови. Тие наметнуваат креирање на понуда која ќе биде соодветна на барањата на пазарот, а која влијае на подобрување на личните и професионални компетенции, потоа подигање на нивото на знаење, на квалитетот на вработените, на менаџери, како и на сите останати категории посетители кои имаат можност да посетуваат некои од обуките, јазичните курсеви или специјализираните програми.Потребата од неформалната едукација е голема, бидејќи ова во огромна мера влијае на подобрување на работењето на компаниите, кои обрнуваат внимание на подобрување на вештините на своите вработени, но и на менаџментот, придонесувајќи компаниите да се развиваат подобро. Квалитетот на програмите на едукативните центри е резултат на професионализмот и посветеноста во креирањето на програмите и понудата. Преку овие програми се креираат квалитетни професионалци, индивидуи кои напредуваат во приватниот и професионалниот живот. За да се понуди квалитет, од едукативните центри велат дека е потребно постојано вложување во кадарот и адаптација на новите потреби, со онлајн настава и посебни програми за таков концепт на настава, кои успешно ги реализираат и имаат одлични резултати.
За состојбите во дејноста и наметнатите потреби од промени, новини и развој, од анализата на темата со соговорниците:
Лидија Таскова Попова – со-сопственик и управител на ЕСП Развој и управување на човечки ресурси
Перо Балџиев – дел од тимот на ЕСП Развој и управување на човечки ресурси
Емилија Сребранова – координатор за настава во ЕСП Развој и управување на човечки ресурси