ПРОФИТ- СЕРИЈАЛ ЗА ПРИМЕНА НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ ВО КОМПАНИИТЕ

Примената на енергетската ефикасност на компаниите, во време на енергетска криза и сложени услови на работење, е значаен фактор, кој влијае на нивното опстојување. Кризата наметна потреба од брзи прилагодувања, за да се намалат загубите во работењето.

Какви инвестиции се реализираат под притисок на потребите да се намалат трошоците за електрична енергија во производството, дали се постигнуваат  енергетски заштеди во една компанија. Колку се случуваат грешки при имплементирањето на фотонапонските централи и какви се последиците. Очекувањата за поврат на инвестициите се големи, што покажуваат искуствата кај компаниите кои веќе ги имплементирале и какви се влијанијата на животната средина со енергетски ефикасни системи.

Искуства, ставови, совети и нови факти од стручни лица во компанијата Раде Кончар ТЕП, преку  нивната инсталирана  соларна фотонапонска  централа, која работи успешно, во СЕРИЈАЛОТ за примена на енергетската ефикасност, со соговорниците:

Сашко Карадаков – раководител на Електротехнички сектор во „Раде Кончар ТЕП“

Скопје

Влатко Канчевски – менаџер за развој на бизнис во „Раде Кончар ТЕП“ Скопје

СИТЕ ЕМИСИИ