САЕМСКА ПРОМОЦИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ОРГАНСКОТО ПРОИЗВОДСТВО И ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

Промоцијата на органското производство и земјоделството е важна за постигнување поголем развој и конкурентност, освојување на нови пазари преку примена на нови технологии за современо земјоделство.

Нови технологии за современо земјоделство , презентирање на производи, воспоставување нови соработки, вмрежување, размена на искуства, домашни и меѓународни, донесе петтиот Меѓународен саем на органски традиционални производи „Органска трпеза“ и првиот Меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки „АГРО МАК 2022“ што се одржа во Куманово.

Во емисијата, анализи преку ставовите на производителите, земјоделците, компаниите и организаторите на Саемот.

Во присуство на околу 3.000 луѓе од кои 200 до 250 излагачи од државата, Србија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Словачка, Унгарија, Црна Гора, Косово, Турција и други., на штандовите беа изложени  домашни органски и традиционални производи,  преработки, брашно, сирење, кашкавал, мед,  модерна технологија за земјоделството,препарати, механизација и ракотворби.Воедно, беа присутни и стручни и научни организации и високообразовни институции, од земјава и странство.

Органското производство во државата има големи перспективи. Особено, што според научните излагања, на светско ниво расте интересот за органската храна и здравиот живот.

Нашите органски производители треба да ги искористат овие состојби и да работат на својот развој, велат соговорниците.

СИТЕ ЕМИСИИ