Развојот на стартап екосистемот е под директно влијание на обезбедените извори на финансирање и можностите што постојат кај нас. Инвестициските активности поврзани со можностите кои произлегуваат од обезбедените финансии, се важен фактор за развој на целиот екосистем на стартапите. Во последните години, расте поддршката на стартап екосистемот.
Стартапите имаат можност да обезбедат финансиска поддршка и преку странските фондови. Тие се многу значајни за дополнувањето на листата со извори на финансии, кои им се на располагање на стартапите. Фондот за иновации и технолошки развој даде дополнителен поттик за развој, преку финансиската поддршка која ја дава на стартапите.
Во шестата епизода од Серијалот за македонскиот стартап екосистем, пласираме информации за можностите за пристап до финансии, за кои ќе зборуваат претставници од институции, организации, фондови.