Малите производители имаат иновативни идеи кои ги преточуваат во бизнис, создавајќи производи кои треба да станат конкурентни на пазарот.
Затоа, е значајно да станат ,,Силни мали производители водени од бизнис” преку поддршката што им е овозможена, особено во време на пандемијата, кога тие претрпеа многу големи штети, со намалени продажби и приходи.Локалните мали производители и работниците од синџирот на локално производство и преработка, се соочени со предизвиците на откривање на нови канали на дистрибуција,а притоа под закана од невработеност и слаб пласман на нивните производите на пазарот. Затоа, преку проектот ,,Силни мали производители водени од бизнис”, на Impact Foundation, Slow Food Macedonia и Woman in Tech, поддржале 20 мали бизниси преработувачи на локална храна и пијалоци во подобрување на бизнис моделот, менторска поддршка во процесот на имплементација на бизнис моделот, подобрувaње на промоцијата и поврзување со нови канали на дистрибуција и продажба на производите.
Овој Проект е спроведен со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME).Со оваа поддршка, овозможен е инклузивен и оддржлив раст на малите производители на храна, и воедно континуиран пораст на локалната економија и искоренување на невработеноста.Успехот на малите производители е под влијание на повеќе фактори. Меѓу нив, значењето на менторската поддршка во поставувањето на бизнис моделот за да може тој да функционира добро и да дава позитивни резултати. Изработен бизнис модел и менторство при спроведување на истиот, со јасни насоки на кои ќе се насочува во иднина,како и можност да се промовираат преку социјалните медиуми. На ваков начин на малите производители се овозможува поголема видливост и полесен и директен пристап до купувачи.
На оваа тема во емисијата, анализа со соговорниците:
Сања Бачевски – производител на микробилки
Александар Клинчаров – Семејна Винарија Клинчаров
Весна Јаневска – производител на преработки од овошје и зеленчук од Росоман
Валентина Митрова – сопственик на „Евал“ и брендот ТУФ
Горан Балески – претставник на Прва Органска Задруга Валандово
Филип Џамбазоски – претставник на Импакт Фондација