„УНИКА“ АД Скопје и „УНИКА ЛАЈФ“ АД Скопје свечено ги отворија новите деловни простории и ја одбележаа успешно завршената деловна година. На свеченоста,во присуство на еминентни имиња од осигурителниот и банкарскиот сектор, институциите и деловните соработници и пријатели на друштвата, беше истакнат успехот и достигнувањата на „УНИКА“, на македонскиот осигурителен пазар. Во рамките на свеченоста на присутните се обрати Авни Понари – претседател на Надзорен одбор на „Сигал Уника Груп“, а своето задоволство за успесите на Уника, го изрази и австрискиот амбасадор во државава, Неговата екселенција д-р Георг Вуцас.Постигнатите успеси ги истакнаа и директорите на двете осигурителни друштва Дритон Азизи – генерален директор на Друштво за неживотно осигурување „УНИКА“ АД Скопје и Александра Шкемби Антовска – генерален директор Друштво за животно осигурување „УНИКА ЛАЈФ“ АД Скопје.Инаку, Друштвото за осигурување „UNIQA“ а.д Скопје е во сопственост на водечката австриската осигурителна компанија „UNIQA Insurance Group“. Во Македонија „UNIQA“ а.д Скопје е правен и деловен наследник на Сигал а.д Скопје кое беше основано како ќерќа-фирма од „СИГАЛ“, Албанија во 2004 година. На македонскиот осигурителен пазар ги нуди своите продукти од 2005 година.Во јуни 2009 година, македонската подружница на „SIGAL UNIQA Insurance Group“ се ребрендира/реструктуира во „UNIQA“ а.д. Скопје и продолжи да ги нуди сите форми на неживотно осигурување продавајќи ги преку своите вработени во продажба, и мрежа на надворешни соработници – агенти и брокери. Од 26 мај 2011 година преку новоформираната компанија „UNIQA Life Македонија“, „UNIQA“ влезе и на пазарот на животно осигурување во Македонија.