САБА – СРЕДНОШКОЛСКА АКАДЕМИЈА

Знаењето отвара нови можности, дава сила и мудрост, кои се неопходно потребни во животот. Затоа е важно да се стекне што е можно повеќе знаење низ процесот на образование. Но, образованието е многу повеќе од наставна програма.

Досегашните 10 години на САБА ја оправдаа не само потребата од нејзино постоење, но и самото име
на САБА кое покрај „знаење” го означува и моментот на сфаќање – „Аха, сега знам!” – но и моментот кога Сонцето се крева над хоризонтот и се раѓа нов ден. Како што хоризонтот нема граници, така и ние во следните децении очекуваме бројни задоволни генерации, чиј сон ќе стане реалност.

САБА им овозможува на сите ученици да стекнат знаења, способности и самопочитување. Наша главна цел е да ја унапредиме способноста за комуникација на учениците, да ги поттикнеме ефикасно да ги решаваат проблемите и ефективно да размислуваат, со цел да го подобрат квалитетот на животот и да дадат свој придонес во општеството.

НАШАТА МИСИЈА

Наша цел е да создадеме позитивна средина која ќе ги промовира и истакнува постигнувањата на учениците. Наставата се одвива во мали групи (околу 15 ученици), во кои секој ученик ќе има можности да се стекне со поголемо лично образование.

Учениците учествуваат во строга академска програма која ќе ги подготви за повисоко образование, а истовремено и ќе ги внесе во деловниот свет преку разни изборни и волонтерски активности. На сите ученици ќе им овозможиме образование со висок квалитет за да бидеме сигурни дека нашите матуранти ќе бидат добро подготвени и успешни во нивните професионални ангажмани насочени кон развојот и напредокот на Р. Македонија.

САБА е првото приватно средно стручно училиште во Македонија