Историјата на фирмата МАКС започнува со формирање на фирма за трговија во 1990 година. Истовремено постои желба на основачот да се започне со сопствено производство, а сонот за производство се остварува во 1994 година кога се набавени првите машини за пакување, во малиот погон во с. Босилово.
Тоа беа машини за пакување на прашкасти и зрнести прехранбени производи. Главна производна палета беа зачини, но сонот сеуште не бил исполнет. Зачините беа повеќе од обичен додаток на храната, зачините делуваат инспиративно, креативно и поттикнувачки на индивидуалност.
Квадратурата на објектите изнесува 6500м квадратни.
Во 2003 година е изграден нов погон за производство во индустриската зона во Струмица и од тогаш е проширена палетата на производи, започнато е производство на слаткарски производи за во домаќинствата. Бидејќи во средиштето на нашиот интерес се наоѓа човекот и задоволството кое му го пружи храната, секогаш сме водени со идеа дека мора да му го пружиме најдоброто така што задоволството би било што поголемо.
Започнато е производство на снекс производи кои се зачинети со смеши на зачини кои се припремаат од посебно грижливо избрани зачини.
Стручен тим постојано развива нови идеи и рецептури, експериментира со суровини и зачини.
Зачините се повеќе од обичен додаток на храната, тие се инспиративна состојка која поттикнува креативност и индивидуалност на секој кој сака да ужива во добра храна. Да се зачини некоја храна причинува радост на оние кои готват, а оние кои ќе ја пробаат храната им дава незаборавно уживање на единствен и неповторлив вкус.
Новите развојни достигнувања доведоа до планирање на проширување на палетата на производи со нови неповторливи ароми, бои и вкусови.
Нашето Мото гласи: “зачинето задоволство”.
Проценете сами.