Стартапите имаат огромен потенцијал да ја подобрат економската состојба. Важно е да ја разбереме основната дефиниција за нив и нивните можности и перспективи.Затоа, во првата епизода, правиме дефинирање што е стартап и каква е дефиницијата на претставниците на стартап заедницата, за поимот стартап. Како надополнување, ќе послужат и дефинициите од други извори, како и нашата законска рамка, за подобро разбирање на стартапите. За дел од претставниците на стартап екосистемот, стартап е група на луѓе кои имаат одредена пасија и ја споделуваат, односно имаат некаква кауза за некаков проблем, кој сакаат да го решат,а засега поголема група луѓе. За други,стартапи се компании кои носат иновации, кои носат позитивна промена. До такви, кои велат дека стартап е компанија која работи на нови технологии, има забрзан раст и развој и има потенцијал да го смени целото работење на дел од индустрија или цели индустрии. Интересни и инспиративни дефиниции и гледишта. Воедно, објаснување што е „Стартап Македонија„ и каква е нејзината мисија во стартап екосистемот.