СЕРИЈАЛ ЗА МАКЕДОНСКИОТ СТАРТАП ЕКОСИСТЕМ ЕПИЗОДА 4

Поддршката на стартапите е клучна за да може да опстојат. Во стартап екосистемот низ годините се оформи цел сектор на специјализирани организации, акцелератори и инкубатори, технолошки паркови, кои нудат програми соодветни за стартапите, во сите фази од нивниот развој.

Тие даваат силен поттик во опстојувањето на стартапите, воедно тие им помагаат да напредуваат во реализирање на своите идеи.

Во четвртата епизода, дел од овие организации ги споделуваат информациите за поддршката што ја даваат, со цел стартапите да се информираат и да ги користат нивните можности.

Радува фактот што може да се сподели, за зголемениот  интерес на претприемачите и стартапите  за помош од овие специјализирани институции.  Се покажува дека нивното менторство дало големи резултати, за што говорат и успешните примери на стартап компании кои денес се гордост на целиот стартап екосистем. Преку  едно позитивно искуство од поддршката на акцелераторите, со која опстојала и се развива една успешна стартап приказна, се потврдува тоа.

СИТЕ ЕМИСИИ