СЕРИЈАЛ ЗА МАКЕДОНСКИОТ СТАРТАП ЕКОСИСТЕМ – ЕПИЗОДА 7

Економскиот потенцијал на жените е голем. Градење на вештини и способности на потенцијалните претприемачи– жени за започнување сопствен бизнис, веќе е приоритет на многу организации, програми и институции. Расте интересот и од жените, да се вклучат во светот на бизнисот и да го искористат својот интелектуален капацитет.

Искуствата покажуваат дека жените кои се охрабриле и искористиле некои од специјализираните програми, постигнале голем развој. Тие се стекнале со подобрени вештини и компетенции во управувањето со бизнисот.

 Затоа, во седмата епизода од Серијалот, зборуваме за неопходноста од поддршката на жените, кои за првпат основаат компании и ги споделуваме искуствата на дел од жените кои имаат свои стартапи.

СИТЕ ЕМИСИИ