Градењето на македонскиот стартап екосистем се случува континуирано и е проследено со многу активности. Голем поттик во тој развој и регрутирање на млади претпримачи да се охрабрат и да ја обелоденат својата идеја, во изминатите години, даде и Стартап викенд Скопје.
Воедно, во процесот на градење на стартап екосистемот, странските експерти се клучни за пренесување на напредни знаења и вештини и искуство потребно за да помогне на старатапите да ги изградат своите капацитети.Во стартап екосистемот се вклучени активно повеќе успешни експерти.
Во осмата епизода од Серијалот, се искажани ставови на странски експерти и домашни стартапи, нивните искуства на македонската стартап сцена и сите можности што ги имаат младите претприемачи.
Локалните претприемачи и стартапи имаат шанса да стекнат драгоцено знаење и искуство од странските експерти преку посебни програми наменети за нив. Тие треба да се едуцираат и да ги користат можностите кои им стојат на располагање, за да бидат поуспешни во своето работење.