СЕРИЈАЛ ЗА МАКЕДОНСКИОТ СТАРТАП ЕКОСИСТЕМ – ЕПИЗОДА 9

Развојот на стартап екосистемот е под влијание на многу фактори. Интензивните активности во насока на неговиот развој, даваат големи резултати.

Во деветтата епизода од Серијалот, пренесуваме нови искуства за стартап екосистемот и поддршката што ја добиле странски стартапи.

Екосистемот секојдневно се зголемува, со што станува силен мотор за постигнување на напредок. Позитивните резултати, поддршката на Стартап Македонија, на сите нивоа во позиционирање и развој на стартап компаниите, доведе до привлекување и на странски стартапи, да се одлучат и да ги позиционираат своите бизниси во државата. Воведувањето на услугата „меко приземјување“ на Стартап Македонија дава дополнителен придонес во развојот на стартап екосистемот. Таа помага за надминување на предизвиците на стартапите, особено на странските стартапи кои сакаат да работат во нашиот екосистем. Сите овие активности и успеси, се уште една потврда дека со континуирана поддршка на стартапите, како домашните, така и странските, ќе се постигне многу поголем развој на екосистемот.

СИТЕ ЕМИСИИ