Јубилеен концерт – 20 години Женски камерен хор СВЕТА ЗЛАТА МЕГЛЕНСКА

Најточните и најдуховитите зборови не се слушнати меѓу луѓето, туку во тишина, над жедна хартија.
Најубавите ликови и краишта не се видени во светот, туку во самотија, во затворен простор без видици и блесок.
Најубавата музика не е чуена во музичките студија, туку во душата на музичкиот уметник кој потоа ја просејува меѓу луѓето.
Со Вас ќе споделиме такво музичко задоволство со кое ќе допреме до времиња минати и времиња во кои ќе нема трага од нас. Но, што е тоа во однос на можноста некој и по нас да се насладува на таа музика – на гласовите од Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ водени од ритмичните движења на нивната уметничка мајка, диргентката Летка Димовска Полизова.

СИТЕ КОНЦЕРТИ