ДИМИТАР КОНДОВСКИ 1 дел

ДИМИТАР КОНДОВСКИ е еден од малкумината македонски ликовни уметници чие творештво остави неизбришлив, длабок и траен белег во времето. Неговиот исклучителен творечки опус е камен-темелник врз кој се гради и доградува современата македонска ликовна уметност.

Кондовски е роден во Прилеп, во 1927 година, а починал во Скопје, во 1993 година. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград, во 1952 година. Во 1958 година бил на студиски престој во Париз, а во текот на 1961/62 година специјализирал ѕидно сликарство во Рим. Од 1952 до 1956 година работел како професор по ликовно воспитување во Скопје. Од 1956 до 1960 година работел како илустратор. Од 1960 до 1972 година бил слободен уметник. Од 1972 до 1980 година бил професор на Педагошката академија во Скопје. Во 1980 година бил избран за професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, каде работи до 1987 година. Во 1991 година бил избран за член на Македонската академија на науките и уметностите.

Добитник е на Наградата на Република Македонија 11 Октомври за 1964 година, за сликарство, Наградата 13 Ноември, на Град Скопје, во 1970, Наградата за сликарство Prix National, на Меѓународниот фестивал на уметноста во Кан сир Мер, во 1974 година, во Франција, Наградата Климент Охридски, во 1987 година, како и на многу други награди и признанија.

СИТЕ ИЗЛОЖБИ