ИГОР ТОШЕВСКИ – ПОМЕЃУ

Проектот ПОМЕЃУ на Тошевски може да се разгледува во насока на истакнување на значењето на сложените релации и меѓузависноста на вредностите од минатото и нивната улога во современоста. Овој роект отвара можност да биде разгледуван низ призмата на актуелните прашања кои се појавуваат низ неговата генеза, поконкретно од 2012 година наваму, но и преку навраќање на доминантните постапки и стратегии кои ги користи Тошевски, особено од средината на 1990-тите. Градејќи ја својата инсталација со избор на делата од колекцијата на Националната галерија на Македонија, Тошевки истовремено се дистанцира од нив за да отвори простор за промисување, блокирајки го сопственото присуство, со гестот дефиниран, со привремено здружување во констелацијата на поставката, ја истакнува невозможноста трајно да биде инкорпориран во колекцијата.

СИТЕ ИЗЛОЖБИ