СЛАВИЦА ЈАНЕШЛИЕВА-СОСТОЈБИ

Во најновиот проект Јанешлиева, со за неа препознатлив директен и симбоичен критички јазик, се осврнува за контроверзните појави во општеството на глобално и локално ниво. Реакциите, дилемите и ставовите кои се однесуваат на актуелните теми и состојби што го креираат секојдневното (не) функционирање на општеството, авторката ги пренесува преку објекти во кои специфичен наративен манир, дава свои коментари за состојбите. Користејки предмети кои имаат секојдневна употреба, Јанешлиева со извесни интервенции им го менува значењето,со што тие стануваат знаковни носители на повеќе асоцијативни пораки, без оглед дали тие се однесуваат на проблеми кои се политички, социјални, образовни итн,или пак се начин на кој се гледаме себеси во огледалата кои ја деформираат сликата за реланоста.

СИТЕ ИЗЛОЖБИ