МОНИКА МАТЕСКА и РОБЕРТ ЈАНКУЛОСКИ

Моника Мотеска и Роберт Јанкулоски беа македонски претставници на 59. Венециско биенале на уметноста кое се одржа од 22.04 – 27.11.2022 година, а се претставија со проектот „Пејзажно искуство” (Landscape Experience) поставен во објектот Scuola dei Laneri. Носител на проектот е Националната галерија, комесар: д-р Дита Старова Ќерими, куратори: м-р Ана Франговска и д-р Сања Којиќ Младенов. „Landscape Experience” е мултинаративен транстактичен проект кој на критичко-дискурзивен начин укажува на опасностите што демнеат доколку не се преземат сериозни системски чекори за совладување на најголемите предизвици на Антропоценот, кои се и данок на капитализмот и политиките на власт, како неконтролираната злоупотреба на природните ресурси на планетата Земја во форма на безумни војни (експлицитни или имплицитни, реални или психолошки, физички или хемиски) за нечии идеали, во кои жртви сме сите, а најмногу најмалите, невините и идеалистите. Македонската публика има можност во Чифте амам да  се запознае со  националниот мултимедијален проект „Пејзажно искуство“. Во освртот кон изложбата, кураторот Ана Франговска запиша: Уметничките истражувања на Мотеска и Јанкулоски со својот наратив припаѓаат на широкото поле на уметнички искази кои ѝ даваат важност на културата на сеќавањето, која има сè поголемо значење не само во конституирањето на историјата „која ја пишуваат победниците“, нејзината митологизација и критика, туку и во контекстот на изградување на лични и колективни идентитети – родови, расни, етнички, верски, социјални.

СИТЕ ИЗЛОЖБИ