ПЕТАР МАЗЕВ – 90 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО

Ликовниот уметник Петар Мазев е еден од најистакнатите претставници на Македонското современо сликарство. Неговиот опус опфаќа широк распон на ликовен израз кој се движи од фигурација, преку енформе до карактеристичен ликовен ракопис кој ги обединува овие две ликовни експресии. Со оглед на неговото големо значење и силниот и препознатлив белег, кој беше инспирација за многу нови генерации ликовни автори а земајки во предвид дека и веќе подолг временски период не е присутен на македонската ликовна сцена и покрај парцијалните претставувања на дел од неговото творештво во периодот од неговата смрт до денес, проектот, како јубилејно одбележување на 90 години од неговото раѓање всушност ке вклучи еден своевиден пресек на неговото творештво како потсетување на неговото исклучитено значење за современата македонска ликовна уметност.

СИТЕ ИЗЛОЖБИ