Едно од најголемите имиња на светскиот театар Роберт Вилсон, чие што дело веќе половина век претставува вистинска театарска, визуелна и уметничка револуција на сите пет континенти, е прогласен за Doctor Honoris Causa на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА – Скопје, по плејадата светски имиња кои станале интегрален дел од оваа институција во нејзиното десетгодишно постоење.
Церемонијата се одржи во Македонскиот народен театар . со поздрав од театарските уметници од Македонија, со поздравни беседи од ректорот на УАУ ЕФТА Јордан Пленеш и самиот Роберт Вилсон. На самиот настан беше прикажан филмот на Саша Голдман за Роберт Вилсон „Rememberemember“ во присуство на авторот.