за ПРОЕКТОТ

КУЛТУРО – ИНТЕРВЈУ – некласичен разговор од 60 минути, со една наша проминентна личност од културно-општествениот живот – во распон од највозрасните до најмладите генерации уметници или културни дејци, во кој преку речиси интимни професионални исповеди пред ТВ гледачите се отвора светот на творецот од секој аспект: во однос на самиот себе, во однос на другите, во однос на системот во кој создава, како и во однос на местото кое го има неговото творештво и вон границите на нашата земја. Уредник и водител на овој дел од КУЛТУРО е младата режисерка Теа Беговска, која со својата младешка бунтовност, раскошна елоквентност и широчнина во своите визии за светот во кој живее, на вистински начин ги извлекува и најинтимните размисли на своите соговорници; Во досега снимените над 100 емисии гости на Теа и беа Влатко Стефаносвки, Мирослав Масин, Искра Шукарова, Мартин Кочовски, Теона Стругар Митевска, Олга Панго, Васил Зафирчев, Сашко Насев, Синиша Евтимов, Вардан Тозија, Петар Младеновски, Горан Трифуновски, Иван Поповски, Мони Дамевски, Валентин Светозарев, Горан Трајковски, Благоја Мицовски, Борис Чоревски, Крсте Џидров…

Емисијата КУЛТУРО својот печат го става во профилирање еминенти и значајни личности со светски признанија, кои со своите дела оставиле длабока трага и печат во нашата држава.

Кон проектот