за ПРОЕКТОТ

КУЛТУРО – ФОРУМ – дебатна емисија во времетраење од 60 минути, со најмалку три соговорници, кои ги споделуваат и спротиставуваат своите размисли, начини на делување, како и решенија за одредени проблеми што се однесуваат на културните и воопшто општествените перспективи на живеењето во нашата средина. Уредник и водител на оваа форма на КУЛТУРО е Јасмина Спасовска, која со својот ненаметлив шарм, но и со „острината“ на мисла навистина успешно ги води своите гости до крајната цел – афирмација на сите позитивни културни и културолошки процеси кај нас;

Гости во КУЛТУРО до сега се многу значајни јавни личности од областа на културата, кои се и наша поддршка: Драган Даутовски, Сергеј Андреевски, Александар Прокопиев, Гаро Тавитјан, Вангел Божиновски, Коле Манев, Љубомир Цуцуловски, Коле Ангеловски, Елена Дончева, Жарко Димитриовски, Билјана Пашариковска, Валентино Скендеровски, Љупка Џундева, Милица Стојанова, Благоја Нацовски, Ѓорѓи Цуцковски, Олга Панго, Дејан Пројковски, Бодан Арсовски, Љубиша Георгиевски, Снежана Коневска Руси, Благоја Чоревски, Искра Гешовска, Ристо Стефановски, Емин Џијан, Бодан Арсовски, Тања Кокев, Саша Евтимова, Бисера Чадловска, Дарко Лешоски, Елизабета Шелева, Игор Иванов – Изи, Вардан Тозија, Драган Б. Костиќ, Висар Вишка, Горан Трајковски – Готра, Сашко Насев, Иван Поповски, Искра Шукарова, Бени Шаќири и многу други

 

Кон проектот