за БОРКО

Борко има чудна филозофија на живот и верува дека секоја професија или секое хоби претставува една уникатна рамка низ која го гледаме Светот и се окулу нас, па бидејќи тој сака низ различни рамки, различни аспекти да доживува се окулу него, Борко има пробано и практикувано 20тина хоби и професии.

Од фудбалски судија, физиотерапевт, спасител на вода, организатор на настани, социјален работник, тренер за комуникациски вештини, ТВ репортер, јога и пилатес инструктор, младински работник, личен тренер, спортски психолог, камерман, сценарист, режисер до претпиемач и сопственик на продукција.

Има тренирано куглање, пливање, боречки спортови, додека хоби му се танцување и медитација.

Неговото формално образование е дипломиран социјален работник, сертифициран младински работник и сертифициран спортски психолог и магистер по Интеркултурна комуникација.

Сите овие мини-професии, различни хобија, многуте години на различни студии и совладувањето на 3 светски јазици Шпански, Англиски и Германски му помогнаа на Борко да го види Светот низ многу различни призми и да има уникатни заклучоци. Токму тие уникатни заклучоци за Светот, за различните култури, за живото му помагаат да го живее секој ден со ентузијазам, среќа, мир и насмевка и таа своја енергија ја пренесува и во проектот “СВЕТСКИ ПАТНИК – CULTURE TRIP.“