ПАРАГЛАЈДЕРСТВО ВО РИО

Најубавото место за летање со параглајдер во светот
…Авантурите можат да бидат преопасни, некои од нив дури и прескапи, но можам слободно да кажам дека секоја авантура вреди! Без разлика на цената, секое ново искуство е богатство, коешто ќе ве стопли во осамени и студени моменти… а за да бидам стоплен во студени моменти, додека бев во Рио се решив да ја искористам можноста и да летам со параглајдер од најубавото место за тоа во Светот ПЕДРА БОНИТА.

Како да стигнете до ПЕДРА БОНИТА
Најпрвин како да стигнете до најубавото место за летање во светот. Секако треба да се во Рио де Жанеиро ? Доколку доаѓате со брод, ридот Педра Бонита се наоѓа на 30тина километри од главното пристаниште, доколку сте сместени во хотел во градот, како информација би ви послужило дека ПЕДРА БОНИТА е на 15тина километри од КОПАКАБАНА.

Можете да го земете автобус со број 2115, возењето ќе трае 60тина минути но ќе платите само 60тина денари. Побрзо би стигнале доколку патувате со метро (линија 4ри), па птреба да се префрлите на автобус број 2333 или 2337, ќе стигнете за 30тина минути и ќе ве чини окулу 120тина денари. Или можете да земете и такси, коешто од центарот до Педра Бонита е отприлика од 700 до 100 денари, во зависност од среќата во сообраќај и лукавоста на таксистот ?

Летање со ПАРАГЛАЈДЕР
Цената за летање со параглајдер е помеѓу 500 и 550 бразилски Реали, ние имавме бразилец со нас и ја добивме цената 500реали, што е нешто над 7500денари. Можете да дојдете и без претходна резервација и скоро сигурно ќе направат место и за вие да летате но ќе морате да почекате, сепак јас би ви препорачал претходно онлине да букирате и да си одберете дел од денот кој најмногу на вам ви одговара на следниов линк:
rioadventures.com/tour/paragliding-rio-de-janeiro/


Додека сите мои другари уживаа во неверојатните летови, јас уживав во неверојатната глетка, времето едноставно застанува…

Немам зборови со кои би можел да го опишам ова неверојатно адреналинско чуство, и искрено не сум сигурен дали бев поимпресиониран од летањето со параглајдер или од прекрасните, восхитувачки глетки, но сигурен сум дека овој ден ќе остане како посебен во моите сеќавања, а за добро да се сеќавам на сите моменти се погрижија самите организатори со тоа што за дополнителни 750денари добивате 100тина слики и одлични видеа веднаш на лице место…

ГРАФИКА:
СЛИКИ И ВИДЕО = 750 ДЕН
Сигурен сум дека како и јас имав мал страв, така можеби и некој од вас се плаши, но летањето, глетките, адреналинот, позитивните луѓе, доколку некогаш решите да пробате летање со Параглајдер, нека биде тоа од ПЕДРА БОНИТА во РИО де ЖАНЕИРО.

ПРЕВОЗ = 1350 ДЕН
ЛЕТАЊЕ СО ПАРАГЛАЈДЕР = 7573 ден
ВИДЕО и ФОТОГРАФИИ = 750 ден
СКРИЕНИ ТРОШОЦИ = 0 ден
ВКУПНО = 9673 денари