АЈКУЛИ БОРА БОРА

Добредојдовте на Бора Бора
Секоја земја има свој шарм и убавина, но кога би морале да одбереме Најубаво Место со најубава Природа, признанието за убавина би го добила Бора Бора, овие острови се буквално РАЈОТ на Земјата.

Има многу места низ светот кои се безбедни за пливање со ајкули, но Бора Бора е најбезбедна и во последните 25 години не е регистриран ниту еден напад од ајкулу во овие магични острови. Токму затоа се решив да ве однесам во овој Рај на Земјата, кадешто и ајкулите се пријателски расположени, но како и со секоја авантура, најпрвин треба да го избереме најдобриот водич.

Моето правило при избор на туристички водич е секогаш кога имам можност да одберам локалец, кој е сопственик на превозното средство, кој сам ја организира турата, бидејќи на тој начин со сигурност се добива најдобрата услуга и на најоргинален начин се запознаваме со локалната култура. Така ние го одбравме МАТА, кој веднаш ја оправда довербата со неговата Укулеле-гитара.

ПЛИВАЊЕ СО НАЈМИРНИТЕ АЈКУЛИ
Музиката се менуваше, глетките се менуваа, но впечатокот беше цело време ист ГО НАЈДОВМЕ РАЈОТ и во ваков рај мора и ајкулите да пријателски расположени… Сепак чуството дека за кратко ќе пливаме со ајкули внесе малку немир, посебно што еден од моите пријатели е од Јужна Африка, и ни кажа дека таму имало секоја година напади.

Малку се подсмирив кога јужноафриканецот ми објасни дека само во делови од Јужна Африка и делови од Австралија Ајкулите напаѓале константно луѓе. Во тие делови од Светот главната храна за Ајкулите биле ФОКИ, а човечката крв била слична со таа од фоките и исто така сурфачите од под вода малку и наличувале на фока којашто плива, па така ајкулите честопати правеле грешки и луѓето станувале нивна храна.

Сепак ние во Бора Бора сметавме дека сме безбедни, бидејќи последниот фатален напад од ајкула се случил во далечната 1834година…си рековме нема баш ние да ги разјадеме ајкулите…

Можеби целата авантура делува малку страшно, но смирените ајкули и прекрасната уникатна природа толку многу ми ги наполнија очите, срцето и умот, што кога и да имам во животот стрес или проблеми – само на Бора Бора помислувам и се исчезнува, остануваат само 50 нијанси на СИНА БОЈА… и секако една ајкула која пробува да ми ја грабне камерата.

ЦЕНА НА АВАНТУРАТА:
ПРЕВОЗ = 0 ДЕН
ПЛИВАЊЕ СО АЈКУЛИ = 3050 ден
ВКУПНО = 3050 денари

Понекогаш кога ќе слушнеме за некоја ексентрична авантура се прашуваме колку пари чини и дали можеме да си ја дозволиме, но некогаш преку групни понуди можеме на едноставен и ефтин начин да дојдеме до ОДЛИЧНО искуство за ОДЛИЧНА ЦЕНА…

Затоа охрабрете се, вклучете се во авантуристички патувања и креирајте СПОМЕНИ КОИ ЌЕ ВИ ТРААТ ЗА ЦЕЛ ЖИВОТ!!!