10 АДРЕНАЛИНСКИ АВАНТУРИ

Секоја земја која сум ја посетил во мојот живот ме освоила на свој начин и секаде сум неаучил нешто ново и интересно.  Во оваа епизода ќе ви ги прикажам 10 – те најинтересни и најпоучни искуства од моите патувања. Ќе започнеме со најубавиот видик во Светот преку летање со параглајдер во Рио де Жанеиро, ќе се запознаеме со успешната приказна на Сингапур, со лудите (не) правила на возење во Индија, со приказните на тигрите и слоновите во Тајланд. Ке се тетовирам со традиционални полинезиски мотиви во Тахити, ќе танцуваме на карневалите во Бразил и ќе пливаме со ајкули во Бора Бора. Светот е едно големо школо а последната лекција во првата епизода ќе ја имаме во Рапа Нуи а таму ќе научиме како да го пронајдеме мирот во животот.

СИТЕ ЕМИСИИ