ПОЛИНЕЗИСКИ РАЈ

Во оваа епизода ќе ве однесам на најубавото место во Светот, во ПОЛИНЕЗИСКИОТ РАЈ.

Најодалечени, најизолирани од Светот но и најнедопрени и најубави. Фиџи е интересен остров со локалци од различни култури, индијци, полежани и по некој кинез и африканци кои допринеле да имаат мнгоу уникатна и вкусна кујна.

 

Природата во Фиџи е преубава, но во Бора Бора е уште поубава. 50 нијанси на сина боја која секого го остава без зборови. Заливите, ридовите во позадина, плажите, самата вода, симпатичните, препознатливи колиби над вода и секако локалците со нивната магична музика го обземаат и освојуваат секој турист да посака барем еднаш во животот повторно да се врати.

 

Во оваа епизода ќе го прикажам и најинтересниот ден во мојот живот, најзабавниот ден во Паго Паго, Самоа. Еден приватен автобус, одлично друштво, доволно пиво и грицки, преубава музика и најпрекрасните глетки беа рецептот за незаборавен ден и незаборавна епизода која не би смееле да ја пропуштите.

СИТЕ ЕМИСИИ