за ВАНГЕЛ

Архитект,сценограф,новинар,историчар,туристички водич….
Што се е забележано во професионалната биографија на Вангел Божиновски?
Претседател на Сојуз на Архитекти на Македонија,Претседател на Здружение на архитекти на Скопје. Основоположник на Архитектонски Совет за Централна и Источна Европа и член на почесно претседателство АСЦИЕ. Член на меѓународни ,југословенски и македонски комисии за оценка на архитектонски дела . Предавач на Светски конгреси на архитекти,семинари и конференции. Предавач на симпозиуми и авторски излагања во Македонија. Надворешен соработник на МАНУ.
Објавуван во повеке списанија и радио и ТВ емисии во земјата и странство (ВВС,Дојче веле,Австриско национално радио,РАИ,Ал Џезеира,ЈРТ,ХТВ,Програма Хоризонт,Монокл-списание за култура ВВС,….) и снимен 45 минутен филм за неговиот поглед кон архитектурата од страна на ЈРТ. Програмски директор на МРТВ и Одговорен уредник на Радио Македонија. Основополжник и Главен и одговорен уредник на првото списание за архитектура во Македонија “ А : “ ,гостин уредник на најпознатото списание за архитектура во СФРЈ -“ЧОВЈЕК И ПРОСТОР“
Автор на сценарија,сценографии,книги,колумни,радио и ТВ емисии.селектиран како македонски представник на светски скрининзи за научно популарни емисии и пласиран меѓу најдобри 10 . Носител на Бронзен медал на Светско Биенале на Архитектура и највисоко признание на СФРЈ за дело во Македонија-Борбина Плакета. Носител на Прва награда на меѓународен конкурс за архитектура и повеке домашни награди (Прва награда на повикан конкурс за скулптура)
За нас Вангел е истражувач, автор и водител на проектот CV МАКЕДОНИЈА на НАША ТВ.
За некои оспоруван а за нас НЕ! Времето секогаш ги докажувало вредностите.
Спонтано раскажани приказни за Македонската историја од неолитотот до денес.
CV МАКЕДОНИЈА е дел од портфолиото на Вангел но дел и од историјата на НАША ТВ како еден многу возбудлив проект.