НАЈСРЕЌНИТЕ ЛУЃЕ НА СВЕТОТ

Најсреќните луѓе на светот – БРАЗИЛЦИТЕ
Секоја култура, секоја држава, секое гратче си има своја уникатност. Норвежаните ми оставија впечаток на неверојатна смиреност и скромност, Сингапур и Малезија ме освоија со нивната силна визија и работливост. Во Индија видов дека и во најскриените и сиромашни места се кријат насмевки… Полинезијците БУКВАЛНО ме ФАСЦИНИРАА со нивната ЈАКА и СИЛНА ЕНЕГРИЈА!!!

Но од 50те земји коишто ги посетив, ниедна не влијаеше толку силно на мене и ниедна не ме промени толку многу како личност – како БРАЗИЛ и неговите ЛуЃе…

Бразил е држава на фудбалот, ДОМ на САМБАТА, нација на КАПУЕРАТА, но пред се Бразил е земјата со НАЈСРЕЌНИТЕ ЛУЃЕ НА СВЕТОТ и во 4трите месеци додека бродот на кој што работев крстареше низ Бразилските градови јас пробав да ја дознам која е тајната на НЕВЕРОЈАТНАТА СРЕЌА И РАДОСТ НА Бразилците!!!

Кога некој ќе ве праша нешто за Македонија? Или некој Шпанец за Шпанија… без разлика за која држава станува збор, луѓето имаат и позитивни и негативни впечатоци за сопствената земја (посебно ние балканците знаеме да бидеме критички настроени и да ги истакнуваме нашите мани како нации, држави). Додека во БРАЗИЛ сите се толку, позитивни, толку среќни што се родиле во оваа неверојатна земја… и моето истражување започна со прашањето – ШТО Е БРАЗИЛ за БРАЗИЛЦИТЕ???

Дознав многу работи во Бразил а една од нив е дека дел од нив се запознати и со приказната на нашата Македонија, повеќе за што учат во Бразилските училишта за Македонија кликнете ТУКА.

Но да се вратам на Нивната среќа која ја чуствував во нивните светкави очи и насмеаните лица додека говореа за татковината. Како Магистер по Интеркултурна Комуникација сериозно пристапив во моето истражување на Бразил и издвоив 6 ГЛАВНИ ЕЛЕМЕНТИ кои ги прават Бразилците НАЈСРЕЌНИ ЛУЃЕ на ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА.

ФАКТОР 1
ЗА БРАЗИЛЦИТЕ ЖИВОТОТ СЕКОГАШ Е ЗАБАВА

Слично како што кај нас е лесно некој да почне да збори за политика и сите почнуваат да дофрлуваат, така многу е лесно да се развеселат и разиграат Бразилците. Само една насмевка или по некое пиво е сите се разиграни, а целиот Свет знае дека највесели и најразиграни Бразилци има за време на карневалите, и јас ја имав СРЕЌАТА да се забавувам и на карневалите во РИО и во САЛВАДОР БАХИЈА. За сите информации за карневалите во Бразил ЗНАЧЕЊЕ/ПРЕДНОСТИ/ОПАСНОСТИ ќе имам посебна статија наскоро ТУКА.

Карневалите се период од неколку недели, па и месеци кога Бразилците ги забораваат сите животни проблеми и танцуваат. Танцот е интегрален дел од забавата а и од животот на Бразилците и знам дека најголемиот дел од вас се запознаени главно со БРАЗИЛСКАТА САМБА, но во изминативе 10тина години и посебно последниве 2,3 има еден нов БРАЗИЛСКИ МУЗИЧКИ И ТАНЦ ПРАВЕЦ наречен – ФАНКИ.

За илустрација на овој нов стил на ФУНКИ забави, карактеристичен главно за ФАВЕЛИТЕ во Рио – ќе ве однесам на кратко таму кадешто вобичаено не смеете да одите, на најлудите приватни забави на бродот – само за вработените.

Музиката, забавата, танцоте се во крвта на Секој Бразилец, сите се така весели и се секогаш насмеани без разлика на околностите… а за да ви докажам КОЛКУ Е БИТНА ЗАБАВАТА ЗА БРАЗИЛЦИТЕ ВО СЕКОЈА ПРИЛИКА, со наредното кратко видео ќе ве однесам на кратко во едно од најопасните места во Светот, најголемата Фавела – РОСИЊА…

Дефинитивно можеме да заклучиме дека ПРВИОТ ГЛАВЕН ФАКТОР за СРЕЌАТА НА БРАЗИЛЦИТЕ е ЗАБАВАТА, којашто е неразделен дел од Бразилското општество и начин на функционирање… танцување, насмевки, музика и без разлика на околностите – многу, навистина многу – СРЕЌНИ ЛУЃЕ…

ФАКТОР БРОЈ 2
БРАЗИЛСКАТА СЕКСАПИЛНОСТ
ЗАБАВАТА е битен дел од Животот на Бразилците, но има едно нешто коешто е уште побитно и од музиката и од танцот тоа е СВЕТСКИ ПРОЧУЕНАТА БРАЗИЛСКА СЕКСАПИЛНОСТ!!!

“БУНДА ДИА“ – ДЕН ЗА ЗАДНИКОТ

Бразил е како друга планета, и најголемиот дел од светските супер модели тука би ги сметале за анорексични, бидејќи Бразил е земја на облините, посебно внимание му се посветува на задникот и размислувањето е целосно различно од кај нас во Европа. Во Бразил колку задникот е поголем, толку се смета дека жената е попривлечна. А девојките кога вежбаат имаат посебен ден само за задникот, наречен БУНДА ДИА.

…Девојките се како под опсесија да имаат убаво тело, но тоа што според мене е многу битно е дека Бразилките вежбаат пред се за себеси и за поголема самодоверба…

Опсесијата со телото на девојките кои ги интервјуирав додека говоревме за вежбање ми покажаа дека посебно за Бразилките телото и изгледот е екстремно битен. Кога ќе земеме во предвид дека бразилците ја имаат измислено тангата, воопшто не е за изненадување нивната опсесија со големите задници… Но тоа што беше мало изненадување за мене е дека и покрај добрата генетика и многу напорно вежбање, ретко која девојка е целосно природна. Статистиката покажува дека во Бразил дури секоја 3та жена имала пластична операција за разубавување… или само во 2017та година во Бразил биле извршени над 2милиони и 400илјади пластични операции, од кои голем дел ги плаќа државата.

За да добијам попрецизни информации за тоа како функционира целиот систем на Пластичните опреации и големата улога во Бразилското општество поразговарав со Докторот Специјалист Кајсер Бето од Сао Пауло…

За мене беше незамисливо дека државата им плаќа за голем број од пластичните операции… Но интересен е концептот дека доколку докажете дека со поубаво тело би биле посреќни и психички постабилни, тогаш државата ви помага во процесот кон вашата СРЕЌА… и со тоа на некој начин и државата помага за перцепцијата на Бразилките како едни од најпосакуваните жени на светот…

РЕКОРДЕРИ ПО БРОЈ НА ИНТИМНИ ОДНОСИ
Поголемиот задник, попривлечното тело, водат кон поголема самодоверба, а самодовербата води кон проактивност и според истражувањата кон зголемена СЕКСапилност и почести интимни односи. Бразил е рангиран на второто место во СВЕТОТ со просечно 164 интимни односи годишно, што би значело просек од 3пати во неделата.

Значи слободно можеме да го донесеме вториот заклучок: задоволност со споствениот физички изглед, зголемена самодоверба и почести интимни односи, влијаат за подобро здравје и поСРЕЌНИ ЛуЃе

ФАКТОР БРОЈ 3
ПОЗИТИВНИОТ НАЧИН НА ИЗРАЗУВАЊЕ
Одсекогаш сум го имал размислувањето дека една нација, една држава, една култура во голема мера може да се одслика преку “зборовите“, “фразите“, “поговорките“ кои најчесто се користат. За нас Македонците си ги знаеме нашите чудни изреки “спие како заклан“, “ќути, трај има и полошо“, или легендарната изрека што никогаш не сум можел да ја разберам – “многу арно, не е на арно“???

Поетично да се изразам – ИЗРЕКИТЕ ГО ЧИНАТ НАРОДОТ.

За разлика од нас Балканците, во Бразил имаат многу смирени и позитивни изрази, Но ајде да започнеме со видео за кој јазик се говори во Бразил…

Јас би го нарекол нивнито јазик – БРАЗИЛСКО-португалски, за илустрација колку е уникатен и позитивен ќе започнам со начинот на поздравување во бразил. Денот мора да ви е поубав бидејќи секое утро започнува со: “БЕЛЕЗА“ што значи УБАВИНА, одговорот на тоа често е “ТРАНКУИЉО“ – што значи смирено/мир.

Како и за секое мое истражување поразговарав со локалците…

Главно употребуваат позитивни и опуштени зборови а такви им се и изреките, има една којашто најдобро го отсликува Бразилскиот Опуштен Дух, но и Нивната Економија… “Што можеш да направиш утре, остави го за задутре…“ а за тоа дека е вистинска оваа изрека се уверив кога сакав да нарачам коктел во Салвадор, Бахија.

ДА ја изоставиме НЕ/работливоста на СТРАНА. СЕПАК, замислете си денот да ви започнува со шетање по комшилук и да си кажувате УБАВИНА комши… или возите во Скопскиот СООБРАЌАЈ и на другите коли им КАЖУВАТЕ “ТРАНКУИЉО“ = смирено, смирено…

ДЕФИНИТИВНО ЗАСЛУЖУВА МЕСТО НА НАШАТА ЛИСТА
ТРЕТИОТ ФАКТОР
ПОЗИТИВНИ ЗБОРОВИ = ПОЗИТИВНИ И СРЕЌНИ ЛУЃЕ!!!

ФАКТОР БРОЈ 4
ПРИФАЌАЊЕТО НА РАЗЛИЧНОСТИТЕ
Бразил одсекогаш бил отворен за ИМИГРАНТИ и после секоја Светска или Регионална Војна, Бразил широко ги отворал своите врати за сите бегалци и на тој начин денес е една од најмешаните и најразноликите култури во Светот и на некој начин е пример што би се случило доколку целиот Свет се измеша и секако доколку сите живееме во топла клима ?

Во Бразил не е битно дали си црнец или белец, дали си Јапонец или Кинез, не се битни политички партии, не е битно толку многу кој колку пари има, во Бразил има место за сите… а место на нашата листа со главните фактори кои влијаат за Бразилската Среќа има и за НЕДИСКРИМИНАЦИЈАТА И ПРИФАЌАЊЕТО НА РАЗЛИЧНОСТИТЕ…

Според зборовите на моите бројни Бразилски пријатели, во Бразил како и во секоја држава постои дискриминација, но сепак истакнаа дека за разлика од други места, во Бразил е многу полесно секој да биде свој, и има голема отвореност секој да биде прифатен без разлика на религија, раса, пол, сексуална припадност или други карактеристики…

Во Бразил сите се добродојдени, а од сега и Македонците…

ФАКТОР БРОЈ 5
ЦЕЛИОТ БРАЗИЛ Е УМЕТНОСТ
Некои држави имаат музеји, имаат театри, одржуваат изложби или имаат ДОМ на Култура, додека БРАЗИЛ – целата држава е еден отворен театар, една одтворена престстава на таленти и УМЕТНОСТ…

Тоа што ми остави силен впечаток е дека во Бразил – сите се креатори, на секој чекор има уметничка приказна. Пејачи, сликари, занаетчии, “песочни архитекти“… доколку сакате да ја спознаете подобро УМЕТНИЧКАТА СТРАНА НА БРАЗИЛ ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА МОЈАТА СТАТИЈА ЗА УМЕТНОСТА ТУКА.

Светските истражувања покажуваат дека креативните луѓе и уметниците имаат за 75% помалку стрес, и дека за 23% водат посреќен живот…

Има една мудра изјава од Пабло Пикасо:

“Секое дете е уметник, проблемот е да се остане уметник кога ќе се порасне…“
…Јас добив впечаток дека во Бразил сите живеат во детството…сите се уметници…сите се креативни…сите се весели… и најбитно сите се СРЕЌНИ….

Полека почнаа да се кристализираат нештата кои влијаат Бразилците да се Најсреќните Луѓе на Светот, Постојаната Забава, Неверојатната СЕКСапилност, Позитивните Изреки и Позитивната Енергија, Недискриминацијата и Развиената Уметност, се доближуваме до одговорот што го барав – КОЈА Е ТАЈНАТА НА БРАЗИЛСКАТА СРЕЌА?

ФАКТОР БРОЈ 6
СПОСОБНОСТА ЗА ТРАНСФОРМАЦИЈА
Запознав илјадници Бразилци, интервјуирав стотина, се впуштив целосно во искусувањето на БРАЗИЛСКАТА МАГИЈА и на мое големо изненадување Тајната за Бразилската СРЕЌА ја пронајдов додека учев КАПУЕРА, како започна приказната…

Капуерата е афро-бразилска боречка вештина која е комбинација на акробатика, танц, музика и се појавила во 16тиот век заедно со ропството во Бразил и била начин за робовите да тренираат борење а нивните газди да мислат дека они танцуваат.

А повеќе за капуерата и за способноста на Бразилците да се справуваат со негативните нешта во животот и за ТАЈНАТА за Неверојатната Среќа на Бразилците, ја имав честа да го запознам и интервјуирам еден од најпознатите светски Капуера Учители – ПЕЛЕЗИЊО…

ОТКРИВАЊЕ НА ТАЈНАТА СО УЧИТЕЛОТ ПЕЛЕЗИЊО
За Мојот Учител Пелезињо Капуерата е Неговиот Живот, над 35години активно се занимава со оваа прекрасна вештина и веќе 10тина години живее во Луксембург и предава Капуера низ Целиот Свет.

Часот по Капуера е Час по Музика, Час по Историја, Учење за цела една Филозофија на Размислување.

Тоа што ги прави Бразилците ПОСЕБНИ и НАЈСРЕЌНИ е фактот дека живото може се да им фрли во лице – ТАГА, РОПСТВО, НАСИЛСТВО, НЕМАШТИЈА, ГЛАД, СМРТ, КОРУМПИРАНИ ПОЛИТИЧАРИ, а Бразилците се способни сето тоа да го ТРАНСФОРМИРААТ ВО РАДОСТ, СЛОБОДА, КАПУЕРА, УМЕТНОСТ, ПЕСНА И СО ТОА СЕ НАЈСРЕЌНИТЕ ЛУЃЕ НА СВЕТОТ – уште само да најдат начин како да ги трансформираат корумпираните политичари и ОФИЦИЈАЛНО ЌЕ СТАНАТ НАЈДОБРАТА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ ЗА ЖИВЕЕЊЕ…

На нас останува да НАУЧИМЕ од Бразилците и секој ден се што ќе ни се случи да го ТРАНСФОРМИРАМЕ во УБАВИНА, РАДОСТ, ПОЗИТИВНА ЕНЕРГИЈА И СРЕЌА…