за РУБЕНС

Се родив. Прилично долго време по Првата светска војна. Прилично долго и пред Третата светска војна. Во најдолгиот месец од годината. На вториден Божик.

Познавам луѓе кои паметат како им било во градинка. Јас не знае ништо од тогаш. Баш ништо. Како животот да ми започнал во 1980тата. Радио драма. Јорговани. Па Булките, па Циганчето. Црвено Жолто Зелено и така натаму. Пред ФДУ војска. Малку страшничко. Затоа што војната почна во покојната држава.

Работев многу работи. Продавав стари делови од автомобили на автопазар. Берев вишни. За пари. Не ми ги дадоа. Па пуштав  музика. По кафулиња. Ван Гог. Олд Скул. Џубокс. Секогаш се трудев да бидам  добар во тоа што го правам.. Не успевав баш секогаш.

Завршив факултет 1995та. Голема работа. Уште поголема кога се вработив . Во ДРАМСКИ. Па претстави. Па гостувања. Театар. Филм… скоро па ич. Неколку.

Во 2010та се оженив.. Нормално среќно. Да беше несреќно немаше ни да го спомнам. Во 2012та станав татко. 2014та по вторпат. И да, тоа е најубавото нешто што можеше да ми се  случи.

Покрај ДРАМСКИ  вториот дом ми е НАША ТВ . Од самиот почеток. Само таму можам да бидам слободен за да творам. Креирам. Да пробам да го направам незамисливото. Да бидам креативен како во оние најчисти и најневини факултетски етиди. Каде се е можно и реално. Така почна и ПОМАГАЧОТ….

 

Кон проектот