КАКО ПОЧНА СЕ ..?

Едноставно, живееш. Не размислуваш на сите секојдневни, рутински постапки. Се будиш, миеш заби, пиеш кафе, гледаш тв, се убедуваш дека треба да ги фрлиш цигарите, готвиш, чуваш дете, имаш желби, имаш кредит, имаш шестка заб за поправање и уште стотици други процеси кои се дел од тебе, застануваш пред огледало и веќе стотици процеси во твојата глава се обработуваат, без да ги анализираш, без да мислиш зошто се во твојата глава. Пробуваш да и дадеш некоја димензија на фризурата и денот почнува. Ја ставаш главата на перница, пробуваш сите податоци што ти се случиле во текот на денот да ги исклучиш. Имаш премногу прозорчиња отворено. И што правиш? Едноставно, како на компјутер- шат даун. Веќе е 02 и 35 минути после полноќ. Утре е нов ден.. Замисли сето ова да се снима…? Твојот живот да биде тв содржина? Обичен ден, Црвеното светло на камерата е запалено и денот започнува…

СИТЕ ЕМИСИИ