БИБЛИОТЕКА

Стотици книги стојат на полиците, светови заробени во страниците. Животи спрегнати меѓу речениците.
Нема погоем пријател од книгата. Нема поголема вредност од она напишаното.
Наеднаш светот застана.
Застанаа автобусите.
Застанаа неуморните земјоделци да трчаат да го фатат утрото.
Ги нема редиците пред пекарата.
Ја нема мирибата на печените риби во пазарот.
Никој не ти нуди ништо во пазарот.
Застана : Имајте убав ден.
Зашто сега, тоа не е ни смешно ни тажно. Тоа е едноставно: страшно.
Се разбудуваш и тргнуваш, часовникот ти го крои денот.
Но денес… НЕ.
Конечно прекинаа навиките.
По она што мечтаевме, сега е тешко издишување.
Ги нема рутините кои ги мразевме.
И сега сме како обезглавени кокошки.
Погледни од твојот прозорец. Небото е празно.
Се е заспано.
Запреа возовите.
Заспаа авионите.
Повратниот билет веќе нема важност.
Ги нема испораките и брзите пошти.
Ги нема луѓето на кејот.
Те нема тебе со нагласената утринска шминка и геврек во најлонската кеса.
Ја нема продавачката на рози.
Рибарите на реките.
Зазбревтаното чиче со весник под мишката како трча за да го стигне утринскиот автобус. И него го нема.
Ја нема утринската навика за кафе на плочникот.
Хуморот стана бесмислен..Тажен.
Кога застана се….ОСТАНАА КНИГИТЕ.

СИТЕ ЕМИСИИ