КАЈ ГИ СНИМАВ КЛИПОЈТЕ…

Е тоа е тоа….Така велат луѓето. И ова го доживувам како да го зборуваат за некој друг.
Александар и јас снимаме клип во три часот по полноќ, пред Нова Година, едвај издржувам, станувам одам да се освежам, се мијам со ладна вода, се враќам назад на расклантаното столче, зборувам и главата ми паѓа, мозокот ми спие. Прашувам: Аце во ред беше ова што го кажав?
А Аце, се потпрел на сталакот од камерата и спие.
Вели, мислам дека добро беше.. Ќе видиме утре.
Следната вечер го имаме новиот клип НОВА ГОДИНА. Не се сеќавам на снимањето баш најдобро.
Тргнуваме на пат, во колата се монтира новата епизода.
Стигнуваат стотици пораки, поздравувања по плоштадите, пазарите…..
Така создавав се, со многу радост и со многу забава.

СИТЕ ЕМИСИИ