МИЕЊЕ КОЛА

Не е баш едноставно да се измие колата покрај толку Алфа мажјаци во околината кои ги чуваат колите повеќе од сопствените жени.
Ова за мене беше баш предизвик.
Да измиеш кола колку едноставно звучи за некого, за мене не.
Моите перформанси не се баш избрусени.
Прво: трапав сум. Под трапав подразбирам дека можам сам да се заврзам со цревото, наместо да ја испрскам површината на колата.
Не сум прецизен.Ова е контра од прецизен.
Немам концентрација за колата повеќе од 15 минути….Ова значи дека не можам со сунгер да ја галам шофершајбната и притоа тоа да трае и на ново да се појавуваат некои точки кои не можам да ги извадам.
Не сум еластичен. Ова се подразбира за перформансите на телото.
И со правосмукалка “ Нурнат ” на задните седишта. Па таа поза не можам да ја издржам па и во кама сутра да сум ја видел.

СИТЕ ЕМИСИИ