ПОРАКАТА НА РАКАВИЦАТА

“ Малиот човек ” за него е приказната, за него се сите потези, ако него никој не го слуша. Тогаш, што се случува со општеството? Зошто е немо на неговите молби?
Излезете на улица и во првата подадена рака ставете паричка. Нема да осиромашите.
Истовремено демократијата е најголемата замка на денешницата. Побуни се за се што ти пречи. Протестирај за секоја твоја мака. Колку ќе издржиш сам со параванот на улица… Ден, два три, година. Ќе се умориш и ќе се откажеш. Тоа е проверено. Затоа треба да бидеме повеќе “ мали луѓе ” да застанеме и да кажеме, сакаме подобар живот. Да мечтаеме за посреќно утре а не да се плашиме од утрешниот ден.
Додека го пиеш утринското кафе. Помисли на него, на “ малиот човек ”, зашто и ти си како него.

СИТЕ ЕМИСИИ